Германците одбраа: Во Токио виа Берлин

Не минаа ни три дена откако ИХФ обедлодени дека Германија, Франција и Норвешка ќе имаат право да ги организираат олимписките квалификации доколку директно не се пласираат на ОИ, а Германците веќе ја одбраа и салата во која ќе се игра. 

Берлин ќе биде домаќинот на Олимписките квалификации, а натпреварите ќе се играат во „Макс Шмелинг Арена“, сала што има капацитет од околу 8.700 седишта.

Германија, во завсност од исходот на шампионатот што се игра во 2020, би била во група со Шведска, Хрватска или Шпанија. Потоа една Европа 2 и Африка 2. 

Во моментов, турнирите изгледаат вака:
Турнир 1: Норвешка (2 место СП), Шпанија (7 место СП), Чиле (Пан Америка 2), Кореја (Азија 2)
Турнир 2: Франција (3 место СП), Хрватска (6 место СП), Африка (Вице-првак Африка), Европа 2 (ЕП 2020 послабопласирана)
Турнир 3: Германија (4 место СП), Шведска (СП 5 место) , Европа 1 (ЕП 2020 подобро пласирана), Африка 2 (трето место Африканско првенство) 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk