Барса ќе биде уште посилна од декември

Барса е импресивна годинава во сите натпреварувања на кои настапи. Го освои Супер Глоуб, доминира во Асобал, во ЛШ е на првото место со победи над ПСЖ дома и Флензбург како гостин. Единствениот „кикс“ го имаа во првото коло, на гостувањето во Сегед. 

Барса ќе биде уште посилна месецов, а како ќе одминува времето ќе биде се посилна и посилна. Во тимот по пауза од 10 месеци им се враќа Каспер Мортенсен, левото крило што се повреди на СП Германија/Данска. 
Тој се поведи на натпревар на Данска, страдаше менискусот (external meniscus), а по три дена Николај Јакбсен одново го прати на терен и повредата која можеби ќе се санираше за две недели, Мортенсен мораше со операција и пауза од 10 месеци да ја лекува. 
За две недели тој ќе биде во составот на Барса велат нивните доктори. 

Додека Мортенсен паузираше, Барса привремено го ангажираше Немања Илиќ, но тоа беше за минатата сезона. Годинава Аитор Арињо е првото лево крило, а зад него се двајца тинејџери оо 19 и 18 години. 
Со Мортенсен во вистинска форма, Арињо ќе биде второ крило, а Данецот ќе биде стартер. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk