Часар со 16 гола го потопи ГОГ

Унгарецот Габор Часар потсети на своие најдобри времиња, вчера, на натпреварот меѓу Кадетен и ГОГ. Габор Часар постигна 16 гола во победата од 40-28 на Шафхаузен над ГОГ од Данска. 

Со оваа победа Кадетен се доближи на два бода до второпласираниот ГОГ и сега има подобар меѓусебен скор, со оглед на тоа дека на првиот меч загубија со 30-35. 

Но, ниту оваа бројка не беше доволна за Часар да избие на првото место на листата на стрелци. Со 35 гола, тој е втор, зад Јакобсен од ГОГ кој има 39. Тимур Дибиров котира високо на оваа листа со 33 гола е на делба на 3-5 место, со натпревар помалку од Часар и Јакобсен. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk