Комисијата на ИХФ, со тајно гласање одлучи домаќини на квалификациите за ОИ Токио да бидат најдобропласираните екипи од последното СП - Норвешка, Франција и Германија.
Доколку некоја од овие репрезентации стане Европски првак или директно се пласира на ОИ (ако во финалето на ЕП загуби од Данска), тогаш се прави мала отстапка и место Шведска која заврши на петто место на СП, домаќин ќе биде Хрватска која заврши на шестото место.
Ова е направено затоа што постои можност Шведска да биде во иста група со наведените репрезентации.
Македонија има шанса да се пласира во квалификациите за ОИ. Потребно е на следното ЕП да стане една од двете најдобропласирани репрезентации што не се пласирале во квалификациите преку СП. На прв поглед тоа е речиси невозможна мисија, но ако имаме добро ЕП, нашите најголеми ривали би биле Србија, Австрија, Белорусија... Другите силни репрезентации се во скандинавскиот костур на ЕП, а оттаму е многу потешко да се стигне до подобар пласман.
По две репрезентации од секоја група ќе одат на ОИ Токио.
Турнир 1: Норвешка (2 место СП), Шпанија (7 место СП), Чиле (Пан Америка 2), Кореја (Азија 2)
Турнир 2: Франција (3 место СП), Хрватска (6 место СП), Африка (Вице-првак Африка), Европа 2 (ЕП 2020 послабопласирана)
Турнир 3: Германија (4 место СП), Шведска (СП 5 место) , Европа 1 (ЕП 2020 подобро пласирана), Африка 2 (трето место Африканско првенство)
Ако некоја од споменатите репрезентации од Европа оди директно на ОИ како европски првак тогаш сите се поместуваат. Па така шанса да се појави во квалификации се уште има и Бразил. Тие, исто како Македонија пред Рио, ќе се молат една од овие екипи да стане првак на Европа, а Египет да стане првак на Африка.