Металург спремен го дочекува Охрид

Викендов продолжува првенството во машката Супер лига, а на ред е осмото коло во кое дерби меч е дуелот меѓу Металург и Охрид, двете најдобропласирани екипи во првенството досега. 
Металург има еден нерешен резултат досега, Охрид има еден пораз. 

Добра вест од „Автокоманда“ е дека во строј се враќаат повредените Мартин Серафимов и Милан Лазаревски. Тие беа на списокот на Данило Брестовац за настап за репрезентацијата во Неделата на ЕХФ, но поради повреди ги пропуштија овие дуели. 

Сега се во тренажен процес и ќе играат во сабота против Охрид. Единствен што е на листата на повредени играчи и со кого Кастратовиќ нема да ризикува во пресрет на дуелите со Горење е голманот Даниел Дупјачанец. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk