Вујо: Костески е талент, но колку ќе игра...

Најновиот струшки бисер, деснокрилниот играч Ненад Костески, летово реши да замине од топлината на својот дом и да отиде на пат од илјада километри, во ППД Загреб, каде почна професионално да си го заработува лебот од ракомет. 

Ненад Костески за време на мундијалот во Скопје се промовираше во најголемата македонска надеж од Генерацијата 2000. Направи добар избор, неговата Струга ненадејно влезе во финансиски проблеми, а во Загреб, иако конкуренција му се клупската легенда Златко Хорват и нивниот талент Божиќ-Павлетиќ, Ненад Костески добива минутажа. 

Се обративме и до тренерот на ППД Загреб, Веселин Вујовиќ, со прашање, како од негов агол изгледа улогата на Ненад Костески. 

„Костески е доста талентиран ракометар и добро напредува. Му недостасува малку физичка сила, но и тоа со време ќе го добие“, коментира Вујовиќ. 
„Што се однесува до минутажата што (ќе) ја добива, тоа ќе зависи најмногу од него“, вели некоашниот тренер на Вардар и селектор на Македонија, а сега кормилар на ППД Загреб. 


Костески во ЛШ доби шанса да се проба и против Барса. Успеа да постигне гол, но и да се „запознае“ со Гонзало Варгас. Верувам со желба и поисзрзаена храбрсот и дрскост дека ќе го освои Вујовиќ и загрепската публика, а патем и ќе научи нешто од загрепската легенда Златко Хорват. 

 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk