Барса го разби Флензбург

Барса со 34-27 го совлада германскиот шампион Флензбур и тоа во преполната Фленс Арена, на северот на Германија. 
Тоа беше премиерниот натпревар од шестото коло во А/Б групите од ЛШ. 

Барса уште на стартот, поведе со 5-1, а потоа постојано беше на безбедна дистанца од Флензбург, кој не само што не беше блиску да направи пресврт, туку благодарение на голманот Буриќ мечот не го зарши со двоцифрена негатива. 

Дика Мем, Аитор Арињо и Арон Палмарсон постигнаа по пет гола кај Барса, а исто толку постигна и Михал Јурецки за Флензбург. 

Денеска се играше и меч од Ц/Д зоната на Лигата на шампионите. Динамо Букурешт, конечно, покажува дека милионите што се вложуваат секоја година во романскиот ракомет, можат да дадат и резултат. Динамо со 29-20 ја совлада ослабената Висла. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk