Марко Паниќ: Против Вардар ќе играме „ол ин“

Мешков Брест сигурно гази кон нова неуспешна европска сезона. По пет одиграни кола успеа да го совлада единствено Мотор Запорожје и со два бода се наоѓа на претпоследното место на табелата. Нивните шанси се уште постојат, но со секој загубен натпревар значително се оддалечуваат од место во разигрувањето. 

Денеска Мешков Брест играше натпревар во белоруската лига и запиша победа. На оваа средба по повеќе од еден месец пауза во игра се врати Марко Паниќ, еден од најдобрите играчи на белорускиот шампион. 

„Денеска играв кошарка, без фаули. Но битно повредата е надмината“, изјави Паниќ по натпреварот. „Следниот меч е многу важен за нас. Во Скопје ќе играме „ол ин“. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk