По нерешениот резултат со Холандија, репрезентацијата на Словенија, очигледно искарана од Веселин Вујовиќ, денеска лесно ја преслуша Србија. жж
Предводени од Бомбач и Шоштариќ, Словенците диктираа резултат, имаа и водство од осум гола разлика, за на крајот да слават победа од 30-24.
Домаќинот на ЕП, Австрија, пак, виде мака со тимот на Холандија. Победија Австријците 26-24 (14-13), но во ниту еден момент не беа сигурни победници.
Холандија покажа дека оди по патот на женската репрезентација. Постојано беше блиску до домаќинот на ЕП, но на нивни терен, во Грац, победа на гостинот на доаѓаше во предвид.
Сепак, доволно слабости за да има што да анализираат Данило Брестовац, Сергеј Бебешко и Јан Филип.