Со натпреварот меѓу домаќинот на ЕП и Холандија, денеска од 18:00 часот ќе заврши неделата на ЕХФ. Многу одиграни натпревари по кои селекторите ќе седнат да ги анализираат и своите и игрите на своите противници.
Данило Брестовац е во таа „екипа“, а материјали ќе има доволно затоа што контролни натпревари играа и Чешка и Украина и Австрија.
Ако оди подалеку со анализата тука му се и Србија, Црна Гора, Хрватска, Германија, Шпанија... Сите тие беа на терен, работа за анализа ќе има полни раце.
Австрија која на првиот меч се базираше на голманот Бауер и бековите Билик и Божовиќ денеска ќе видиме дали има и нешто друго на репертоарот. Со Билик и Божовиќ досега добро сме излагале на крај, иако некогашниот Украинец сега игра на сосема друго ниво, а некогашниот Црногорец е со двете нозе завлезен кон крајот на кариерата.
Ќе го видиме и Веселин Вујовиќ на дуел со Србија, а скандинавците Исланд и Шведска ќе си поделат усте еден мегдан.
Денеска играат:
16:00 Шведска - Исланд
17:30 Словенија - Србија
18:00 Австрија - Холандија