ГЛЕДАЈТЕ ДЕНЕСКА: Македонија по втора победа над Грузија

Репрезентацијата на Македонија денеска од 16:00 часот ќе го одигра и четвртиот, последен, натпревар од неделата на ЕХФ. 
Против Грузија, од 16:00 часот, овој пат без ТВ пренос, македонските ракометари ќе го комплетираат прилично богатиот тест период во кој можевме да видиме и доста од тоа што вообичаено не се гледа, а тоа е шанса да играат во главна улога да добијат играчите што веќе не можеме со спортски термини да ги нарекуваме млади, но играчи што немаат големи минутажи. 

Против сосема солидниот противник, селецијата на Грузија, денеска ќе го видиме последниот тест и потоа повторно на сцена се враќа клупскиот ракомет. 

Денеска на терен се речиси сите противници на Македонија од групата во Виена. Украина втор пат игра со Тунис, Чешка со Швајцарија, а единствено Австрија ќе ја почекаме до утре кога ќе одмери сили со Холандија. 


ДЕНЕСКА ИГРААТ
13:30   Франција - Шпанија
14:30   Германија - Хрватска
16:00   Македонија - Грузија
16:10   Данска - Норвешка
17:00   Ц. Гора - БиХ
18:00   Швајцарија - Чешка
18:30   Египет - Португалија
19:00   Тунис - Украина
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk