Комплетни против Грузија на првиот меч

Репрезентациите на Македонија и на Грузија утре ќе одиграат контролен натпревар во Скопје, во „Борис Трајковски“ со почеток од 20:00 часот. 
Тоа ќе биде првата од двете предвидени контролни средби, втората се игра во сабота со почеток од 16:00 часот, исто така во „Борис Трајковски“. Влезот за двата натпревара е бесплатен. 

Македонија одигра два меча во Турција како предигра за овој натпревар. Тоа беа средби на кои Данило Брестовац играше со изменет состав.

„Ова беше одлична можност да проверам играчи што вообичаено нема време ниту услови да се проверуваат. Многу ми помогнаа средбите за да добијам појасна слика околу ротациите во тимот„, вели Брестовац. 


Македонија утре ќе се сретне со Грузија. На овој меч ќе играме со сосема поинаков тим. 

Уште немам одредено 16 играчи за тој натпревар. Вечер имаме тренинг, утре ќе имаме уште еден, па потоа. Во секој случај сите повикани играчи се одвде, веќе тренираа и тие што патуваа во Турција, па сигурно ќе биде поинаку на првиот натпревар“, вели Брестовац. 


Македонија утре во составот сосема извесно ќе ги има и Лазаров, Талески, Кузмановски, Манасков, Георгиевски итн. За вториот дуел, можно е да има повеќе ротации.


 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk