Украина без Онифриенко, Бебешко не коментира

Првиот противник на Македонија на ЕП 2020, репрезентацијата на Украина, денеска ќе го одигра првиот од двата планирани натпревари од Неделата на ЕХФ. 
Украина се подготвува во Тунис, ќе игра против домашната селекција. Нетипично, со оглед на тоа дека на ЕП ќе игра против репрезентации кои играат сосема различен ракомет од Тунис, но нивниот селектор, Сергеј Бебешко, размислува поинаку. 

Во составот на Украина нема неколку релативно познати имиња. Го нема Буњенко, за кого Бебешко вели дека цела година не е во форма и дека нема намера да го повикува засега. Ги нема ниту Кошовој, Чичикало, но најпознатото име што не е во составот е Сергеј Онифриенко. 

Интересно, Сергеј Бебешко не сакаше да коментира за неговата здравствена состојба или желбата да игра. 

„Понекогаш и вие новинарите треба да се јавите на телефон и лично да ги прашате играчите каква им е здравствената состојба. Од мене, толку за Онифриено“, изјави Бебешко за украински ракометен портал.

Кога веќе го споменавме Бебешко, да кажеме и дека неговиот клуб Калараш од Романија останал без претседател, дека играчите немаат земено плата четири месеци и дека големи се шансите во ноември да се распадне. 

 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk