Брестовац: Ова се дуели за докажување

Македонија денеска ќе го одигра првиот контролен меч со видно изменет состав во кој сега се наоѓаат ракометари што треба да втор план, а дел од нив и од прв план да го пополнат тимот за претстојното Европско првенство.

Турција за загревачките дуели настапи без двата клучни бека, но Неделата на ЕХФ за нив почнува денеска, така што ќе видиме во каков состав ќе истрчаат против Македонија. 

„Имавме проблем да ја победиме Турција и кога игравме во Битола и на гости во квалификациите со најдобриот состав. Jас сакам да победувам на секоја средба, но сега ми е потребно да јас поделам минутажа и да ги искористам играчите на позициите на кои ми се потребни за ЕП. Ќе биде тешко да се усогласат тие работи – победа и проверка на тоа колку и на кого можам да сметам на некоја позиција. Во клубовите имаат други улоги, а тука ќе мора да се адаптираат на она што го бара репрезентацијата. Сигурно дека имаат квалитет затоа се повикани, млади се, ќе сакаат да се докажат и кога сето тоа ќе го ставиме на кантар мислам дека треба да биде добро. А овие дуели со Турција и Италија ќе ни покажат колку е тоа добро“, изјави селекторот Данило Брестовац. 


По средбите со Турција и Италија, доаѓа „она“ главното и тоа во Скопје. Македонија за крај на Неделата на ЕХФ ќе одигра да натпревара со Грузија, за кои влезот ќе биде слободен. 

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk