Русија без Дибиров и Горбок во Аргентина

Двајца вардарови ракометари отпаднаа од списокот на селекторот Едуард Кокшаров за контролните натпревари што Русија ќе ги игра во Аргентина, објави руската ракометна федерација. 

Тимур Дибиров и Сергеј Горбок првично селектирани, не се најдоа во авионот за Париз, оа каде летаат за Сан Хуан. 

Сергеј Горбок не настапи ниту на натпреварот со Веспрем, додека Дибиров беше најдобриот стрелец на таа средба. Официјално непотврдено и Дибиров како и Горбок е повреден и ќе треба да паузира. Со тоа што го избегна долгото патување кон Аргентина и назад, како и дуелите со селекциите на Полска, Аргентина и Шпанија, вардаровото би требало да си купи доволно време за задравување во пресрет на дуелот со Мешков Брест што за Вардар по двата врзани порази е од голема важност. 

Павел Атман, Сергеј Горпишин, Глеб Калараш и Данил Шишкарев се во составот на Едудард Кокшаров кој утре ги почнува натпреварите со дуел со Аргентина. 

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk