Отпадна уште еден играч од списокот на Брестовац




Данило Брестовац со 16 играчи, а не со 17 како што беше планирано ќе отпатува вечерва за Турција. Последен од списокот поради повреда на скочен зглоб отпаѓа Милан Лазаревски, пикерот на Металург.

Брестовац немаше време да повика нов играч на неговото место затоа што Лазаревски повредата ја пријави дури денеска, на прозивката пред играчите да заминат. 

Македонија вечерва заминиува за Истанбул и во текот на ноќта ќе пристигне во Ескишехир. Утре наутро има тренинг, а од 17:30 часот ќе игра со селекцијата на Турција. 

 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk