На Јакобсен не му се оди во „школо“

Николај Јакобсен во јануари стана светски првак со репрезентацијата на Данска, па сепак, за да може да продолжи да ја води репрезентацијата ќе мора да седне во училишна клупа и да го заврши курсот за Мастер Коуч, по што ќе оди на Про Лиценца.

Тоа не му е по волја. Посебно затоа што во Данска за добивање на Мастер Коуч се потребни 300 работни часови и тоа вообичаено трае една и пол година.

Во Германија Мастер се добива за две недели, во Босна можеш да се пријавиш во вторник, а во петок веќе си ја имаш лиценцата, коментиараат данските медиуми.

„Немам против да се комплетира образованието, но мислам дека со оглед на постигнатите резултати на терен, треба да се прогледува низ прсти. По освоена шампионска титула да се слуша комплетната теоретска програма, да бидам искрен, е понижувачки“, изјави Јакобсен за дански медиум. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk