Немир кај Германците, се повреди Винцек

Репрезентацијата на Германија во неделата на ЕХФ ќе игра контролни натпревари со Хрватска, како гостин. Немир во нивните редови внесе информацијата дека Патрик Винцек нема да игра. 

Патрик Винцек е познат како бескомпромисен дефанзивец, иако игра во два правца. Тој е главниот тепач во редовите на Кил и репрезентацијата. Тој добил удар во колено на натпреварот со Монпеље. Сега е на испитувања, во Кил и репрезентацијата му држат среќа за повредата да не е сериозна. 

Дека е занермарлива - не е, затоа што Кристијан Прокоп веќе повика замена за дуелите со Хрватска. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk