Taлески распали по Берлин

Го чекавме два месеца и конечно го дочекавме блескавиот момент на Филип Талески во дресот на Балинген. Во изненадувањето на колото, во Бундес лигата, во кое Балинген со 31-30 го совлада тимот на Берлин, Филип Талески беше ѕвездата на мечот.

Постигна 8 гола од 11 обида, сите од игра, беше најдобриот стрелец на теренот и го однесе својот тим до исклучително важна победа со која Балинген за момент избега од опасната зона и им се приклучи на тимовите што се борат за повисок пласман.

Филип Талески на почетокот на сезоната во потрага по минутажа си замина од екипата на РНЛ и дојде во тимот на Балинген. Доби убава шанса само на дебито, но, потоа повторно се бореше за минутажа. 

Денешниот меч можеби, конечно, ќе го освести нивниот тренер и се надеваме дека на следните натпревари главната ударна сила во напад ќе ја бара на вистинското место, со македонскиот играч во тимот. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk