Кастратовиќ тргна со победа

Зоран Кастратовиќ на своето тренерско деби во Металург ги освои трите бода од гостувањето во Битола, против Пелистер. 
Металург ја контролираше средбата во текот на сите 60 минути, иако Пелистер не беше инфериорен и постојано беше потенцијална опасност. Конечниот резултат е 27-24 во полза на Металург. 

Струга одигра солиден натпревар со Металург, но беше далеку од повторување на истиот впечаток и на езерското дерби. 
Лани оваа средба беше хит на првенството, годинава заврши со резултат 10-28. Но, и покрај тоа стружани ја добија својата порција поддршка од навивачите и можат да чекаат подобри времиња.

По ова коло се издвоија петте екипи што ќе конкурираат за место во Плеј оф, додека другите пет, меѓу кои е и Пелистер им се насмевнува борба за опстанок. 

Радовиш во голеадата во која најдобрите стрелци во лигата, Илиев од Радовиш и Палевски од Работнички постигнаа по 12 гола ги освои бодовите со Работнички. На средбата беа постигнати вкупно 74 гола (41-33)


Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk