Падна и ПСЖ, Келце се спаси, Кил останува главен мангуп

Големото дерби, дуелот меѓу Барса и ПСЖ, меч што ја стави во втор план репризата на финалето на ЛШ, заврши со сигурна победа на каталонците.
ПСЖ настапи без Микел Хансен и Хенрик Тофт Хансен, но тоа за состав од 17-18 милиони евра не смее да биде оправдување.
Но, Барса има пораз од Сегед од првото коло, па така доколку не успее да го освои и Париз на крајот ќе заврши како втора. 

Кил и Савехоф се единствени екипи без пораз. Швеѓаните немаат ниту загубен бод.

Табелата сега не изгледа многу убаво и за Вардар. Со два порази се пресели на местото со број четири. Во игра, односно трка со Вардар се врати и Келце, оживеа барем привремено четата на Душебаев откако го совлада Мешков Брест и сега заедно со Порто се само на бода позади Вардар, Веспрем и Келце. Полскиот шампион можеше комплетно да се „распадне“ и да почне нова приказна доколку синоќа загубеше во Белорусија. 
Кил останува да биде главниот фраер.


Денеска ќе го гледаме Работник на дуел со Татран Прешов. Словаците се екипа што секоја година е се послаба, а од наредната ќе бидат аматерски клуб. Барем така најавија. 
Годинава играат на ниво кое најавува дека следната ќе бидат аматерски клуб. Идеално за битолчани да стигнат до нова победа во Лигата на шампионите. 

Средбата се игра со почеток од 17:00 часот.

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk