Македонска Фаланга - Виена патува во Веспрем

Навивачката група составена од македонски иселенци со седиште во австриската престолнина Виена е една од најверните групи што речиси секаде низ Европа ги бодрат македонските клубови и репрезентации. 

Пред македонската спортска гордост, машката репрезентација да им дојде во нивниот град во јануари, ќе имаат можност во неколку наврати да ги загреат дланките, грлата и да удрат по тапаните. 

Првата можност е веќе во сабота во Унгарија. Вардар гостува во Веспрем и таму нема да биде сам межу 5.000 домашни навивачи. 

Фаланга Виена со 60-тина навивачи ќе биде на трибините во Веспрем Арена и ќе го бодри европскиот првак. Се надеваме дека Вардар ќе ја стиша Веспрем Арена и ќе им овозможи на своите навивачи да бидат тие што ќе се радуваат на трибините. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk