Повреди и криза во Келце

Еден од директните ривали на Вардар за висока позиција во групната фаза на ЛШ, Келце, се соочува со многу проблеми во своите редови. 

Сезоната ја почнаа одлично со реми во Кил, но потоа следеа порази во Порто, па во Плоцк и на крајот во својата сала го положија оружјето пред Монпеље, екипа што во Полска допатува без четири стартери во тимот. 

Сега пред Келце се нови проблеми. Полските медиуми јавуваат дека неизвесен за настап е Игор Карачиќ. Тој на последниот првенствен меч добил удар во градите и има проблеми со дишењето. 
“Дали е нерв или е мускул, не знаеме, но 100% знаеме дека е нешто“, изјави Талант Душебаев. 

Но, информациите од Полска велат и дека зад серијата на слаби резултати се крие друга криза, поопасна и подлабока - финансиска. 
Се зборува за плати што доцнат, иако јавно никој не зборува или потврдува такво нешто. 

Келце минатата сезона беше во голема криза, поради која го испрати Дејан Бомбач во Сегед, а тоа предизвика реакција од која на крајот профитираше Вардар. Тие од Сегед го добија Скубе, а тој им беше еден од клучните во освојувањето на шампионската титула. 
Се чинеше дека откако Богдан Вента, еден од твроците на Келце ваков- каков што е, стана градоначалник на градот Келце, дека за клубот веќе нема да има зима, но изгледа дека нема да биде така. 

 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk