Кузмановски не игра затоа што не знае јазик!

Германскиот тим Магдебург, екипа за која годинава настапува македонскиот бек Филип Кузмановски, имаше одличен старт и четири победи од четири меча. 
Потоа дојде на ред пораз од Мелзунген што беше вовед во серија од уште три порази на следните четири натпревари. Сега со скор 5-0-4 е на разочарувачкото осмо место на табелата. 

Тоа беше и знак, тренерот Бенет Вигерт да се најде на мета на критики. Најгласно од критичарите прозборе некогашната легенда на клубот - Штефан Кречмар. Тој меѓу другото детално се осврна и на (не)играњето на Филип Кузмановски. 

„Кога нема контра напади, мора да има шутери. Филип Кузмановски и Криштоф Стајнерт мора да играат. Стајнерт е разочарување досега, за Кузмановски не можам ништо да кажам затоа што игра многу малку за да се формира став“, изјави Кречмар. 


Бенет Вигерт се уште тврдоглаво се бори со критиките. Вели еден играч ниту донел победа, ниту пак е виновен за пораз. Но, за фолкс-тајм, објасни зошто Филип Кузмановски досега седел на клупа. 

„Тој е новодојден играч, од Македонија. Имаме јазична бариера и тоа е најголемиот предизвик во моментов. Не можам да комуницирам со него ниту на германски ниту на англиски. Тоа значи дека немам никакво влијание врз него штом стапне на терен. Исклучок е кога се во игра Безјак или Муса, но тој мора да биде самостоен, не да заивиси од преведувачи на теренот. 
Мора да имаме предвид и Филип е роден 1996, има 23 години. Треба да го оставиме да се развива на мир“, изјави Вигерт. 

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk