ПОГЛЕД КОН ВЕЛЕЊЕ: Кој е Горење, противникот на Металург

Металург денеска го доби противникот за третото коло од ЕХФ Куп, а тоа е екипата на Горење Велење од Словенија. 
Ако треба да направиме некоја паралела меѓу македонскиот и словенечкиот клупски ракомет, Горење би бил еквивалентот на Металург во првенството. Неприкосновен е Целје, Горење е вториот тим што е многу поранлив. Последен пат беа шампиони во 2013 година, а сезонава имаа подмладување и кратење на буџетот. 

Годинава заменија пет играчи, и не ја почнаа сјајно. Имаат четири порази од шест натпревари во домашното првенство, од кои во последното коло прилично настрадаа во Целје (21-32). Но, тоа не треба многу да го радува Металург, затоа што поглед кон нивниот состав открива потенцијал што досега го немаат искористено.

Давид Миклавчич на десен бек е нивниот најпознат играч, но многу опасен е Матиц Вердинек на лево крило,  и Хрватот Владо Матановиќ на позиција десно крило. Голманот Пантјар кој годинава дојде од Целје заедно со левиот бек Оклешчен исто така се играчи што не треба да бидат изоставени од каква било анализа. 

„Ова е противник против кој можеме да играме. Не велам дека имавме среќа, но имаше и потешки и полесни противници“, вели тренерот на Металург, Зоран Кастратовиќ. „Ја подмладија екипата, но имаат квалитетен кадар и понекој искусен ракометар во составот. Ја елиминираа Металопластика во второто коло, со две победи, првата убедлива, како гости. Ние сега треба да го средиме нашиот тим, потоа ќе зборуваме за шансите, но реков, Металург има шанси од овој двомеч да излезе како вкупен победник“, вели Кастратовиќ. 


Тимот на Горење е главно составен од играчи од '94-2000 годиште. Отстапуваат Миклавчич ('83) и двата голмана, Талетови ('90) и Пантјар ('91)

Металопластика ја елиминираа со победа од 32-24 како гости на меч на кој крилата Вердинек и Матановиќ постигнаа 17 од вкупно 32 гола за Горење. Слично беше и на реваншот (32-29) на кој истите двајца постигнаа 18 гола. 

Тренер им е Зоран Јовичич, прославено крило на словенечката репрезентација, учесник на две Олимпијади. Тој тренерската кариера ја почна во Копер, по распадот на некогаш силниот Цимос Копер и со упорна работа го врати во најсилната лига на Словенија и тоа меѓу најдобрите четири тима. На кормилото на Горење дојде на почетокот на минатата сезона и негова цел беше тимот да игра брзо и луцидно. И ја остварува таа цел, можеби побавно од очекуваното, но факт Горење игра без допадлив ракомет и ако влезат во убав ритам тогаш проблемите се множат за противникот. 

Горење:
Сала: Рдеча Дворана (2500 гледачи)
Шампион на Словенија: 3
Вице-шампион на Словенија: 11
Куп на Словенија: 1
Финале на Куп на Словенија: 8
Супер Куп на Словенија: 3

Состав
Голмани: Алеж Пантјар, Емир Талетовиќ
Леви крила: Матиц Вердинек, Тадеј Мазеј
Леви бекови: Вид Левц, Жан Шол, Грегор Оклешчен, Јернер Дробеж
Леви/средни бекови: Алекс Кавчич, Петер Шишко
Средни бекови: Домен Тајник
Десни бекови: Давид Миклавчич, Андриш Целмниш (Ест)
Десни крила: Владо Матановиќ (Хрв), Ибрахим Хасељиќ (БиХ)
Пикери: Владимир Бојаниќ, Миха Кавчич, Урбан Старц
Тренер: Зоран Јовичиќ


Дојдоа:
Андриш Целминш (Марибор)
Владимир Бојаниќ (Тримо)
Грегор Оклешлен (Крка)
Аљаж Пантјар (Целје)
Жан Шол (Словењ Градец)
Бенјамин Збичајник - асистент тренер

Заминаа: 
Милан Вујовиќ (Целје)
Андраж Кете (Крка)
Дарко Стојниќ (ППД Загреб)
Никола Шпелиќ
Лука Логар (Изола)
Тилен Гробелник (Словењ Градец)
Филип Банфро (Словенњ Градец)
Вања Краљ - асистент тренер
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk