Металург договори познато име за тренер

Потрагата на Металург по тренер заврши денеска со пружена рака кон црногорско-македонскиот тренер Зоран Кастратовиќ. Фановите можат да бидат задоволни, клубот заврши убава работа и договори квалитетен стручњак.

Зоран Кастратовиќ е поранешен селектор на женската репрезентација на Македонија, тренер на Кометал и на Вардар. 
Селектор беше и на репрезентацијата на Црна Гора која ја одведе на СП 2013 и на ЕП 2014 победувајќи притоа во квалификациите репрезентации како Шведска и Германија. 
Последен ангажман му беше на кормилото на Иран, меѓу селекторските позиции во Ц. Гора и Иран, уште ги водеше и екипите на Сутјеска и на Ал Џаиш од Катар. 

Металург од друга страна, пак, немаше многу среќа со тренерите откако си замина Лино Червар. Данило Брестовац не многи долго откако беше назначен за тренер се реши да се посвети на селекторските позиции и накратко беше заменет со Оливер Димитриоски. На почетокот на оваа сезона, пак, Металург се реши за Дамир Стојановиќ, но таа соработка беше многу кратка, па пред стартот на ЕХФ Куп авантурата се реши за промена на тренер. 

Потрагата временски не беше долга, но имаше т.н слатки маки клубот. На списокот на тренери кои беа заинтересирани, а и Металург се интересираше се најдоа Ивица Обрван, Жељко Бабиќ, Бранко Тамше, Рафаел Гихоса, Ненад Кљаиќ од попознатите имиња, а списокот беше долг и броеше 15-тина тренери меѓу кои имаше и тренери од Данска, Португалија, Италија, Шпанија, Турција... 

Зоран Кастратовиќ е тренер што добро ги познава и состојбите во Металург, ракометарите, амбициите и актуелностите во мак-ракометот. Тренерските квалитети не се спорни, добра волја има од двете страни, сега треба и да им се насмевне и божицата Фортуна (утре на ждрепката за ЕХФ Куп), а добродејдена ќе им биде и секоја поддршка на патот на кој треба да одат годинава. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk