КЛ7 освои и втор голем бастион, вечерва. Откако минатото коло беше подобар од Аеродром, вечерва КЛ‘ му го нанесе и првиот пораз и тоа домашен на тимот на Младост Богданци.
КЛ‘ победи со 23-20 на натпревар на кој главно имаше резултатска предност и контрола и пет гола предност на полувреме (14-9).
Но, искусниот домашен состав во вториот дел притисна, направи пресврт и поведе со 19-18. Во меѓувреме и се истроши, па во последните минути гостите со серија од 4-0 стигнаа до 22-19 и го решија победникот.
Во следното коло, КЛ7 ќе игра и со последниот непоразен тим, покрај нив, нормално. Тоа е екипата на Тиквеш, клуб што некако најлесно доаѓаше до победите досега во првенството.