Водеа со по пет разлика и Пешевски и Талески, но...

Екипите на нашите интернационалци, Штутгарт и Балинген беа на праг на сигурна победа по 30 минути игра, но на крајот на натпреварот Балинген беше поразен, а Штутгарт со многу маки извлече реми на свој терен. 

Блинген бепе гостин на екипата на Лајпциг и на стартот на вториот дел имаше водство од 15-10. Но, место напред, работата тргна назад и Лајпциг успеа да израмни уште по петнаесетина минути, а потоа и поведе со 24-21, за конечно да победи со 27-26. 

Филип Талески имаше остварување од 0/2, но не влијаеше на поразот затоа што овие промашени шутеви беа во првите десет минути од натпреварот. Можеби ако добиеше доверба во текот на вториот дел немаше вака да си мине неговиот тим... 

Жарко Пешевски на домашен терен со Штутгарт го пречека Лемго. И тие како и Балинген, на полувреме водеа 15-10. 
Во вториот дел се вратија гостите во игра, успеаја да поведат, па Пешевски во еден момент ги врати во игра со гол за израмнување (2/2), но одново на две и пол минути до крајот водеше Лемго. Конечниот резултат е 26-26 со тоа што голманот на Штутгарт, Јоханес Битер одбрани во последниот напад.

Жарко Пешевски натпреварот го заврши со три постигнати гола од четири обиди. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk