РНЛ се „засили“ со Јапонци

Поранешниот германски шампион, екипата на Рајн Некар Ловен, најде нов спонзор. Фармацевтска компанија од Јапонија е нов спонзор на РНЛ, а потписот на договорот за соработка дојде заедно со двајца репрезентативци на Јапонија. 

Сатору Гото (23) и Нијоки Шои (24), ќе играат за РНЛ до јуни 2020 година. Тие ќе се подготвуваат за настап на ОИ Токио, но мала е веројатноста да ги видиме во првиот тим на РНЛ или пак на натпревари од ЕХФ Куп. 

Нивното место засега е во втората екипа на РНЛ, но којзнае, со оглед дека не се работи за „јуниори или кадети“; можно е да изненадат па да ги видиме и на големата сцена. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk