Кадетите заминаа за Бугарија

Новата кадетска репрезентација на Македонија, денеска замина за Бугарија, каде што утре и следните два дена, ќе одигра три контролни натпревари со свои врсници. 

Во последен момент дојде до замена, екипата на Косово не успеа навреме да извади визи и отпадна од турнирот, а нивното место го зазема тимот на Шумен. 

Македонија утре од 17:30 (доколку нема промена на терминот) ќе игра со домашната Бугарија, потоа со Романија и на последниот ден со Шумен. 

Селекторот Данило Брестовац поведе 18 играчи, а единствено Кристијан Митревски поради настап за Пелистер викендов со Винтертур, не можеше да отпатува со репрезентацијата. 
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk