KOНЕЧНО: Се фузираа Пелистер и Еурофарм

Советот на општина Битола, на вонредна седница ја изгласа платформата за Ракометна Битола, односно догворот за откупувањето на акциите на РК Пелистер од страна на компанијата Еурофарм. 

Ќе бидат не формирани туку новименувани два нови клуба, Еурофарм Пелистер и Еурофарм Пелистер 2, во историја заминува Работник. 

Е. Пелистер ќе биде екипата што сега под име. Е. Работник настапува во СЕХА и Лигата на шампионите. 
Е. Пелистер 2 е всушност Пелистер кој игра во домашниот шампионат. 

Новиот клуб, Еурофарм Пелистер ќе ги фузира традицијата и досегашните резултати на Пелистер со моменталните на Работник. 
Вториот клуб, по примерот на Вардар 2, Металург 2 ќе служи како база за развој на играчи. 

Наскоро треба да биде потпишан договорот и конечно да се заврши оваа приказна. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk