ДИБИРОВ: Сега е време да се правам фраер

Вардар и Кил во сабота ќе го одиграат својот натпревар од Лигата на шампионите, а денеска Вардар одржа прес конференција на која во центарот на вниманието беше Тимур Дибиров. 

„Среќен сум што доаѓа време за еден ваков натпревар. Се плашиме кога играме со екипи на пониско ниво, затоа што тогаш може да ни фали мотивација, или пак да имаме преголема самодоверба, да не сме недоволно спремни. Сега е поинаку.
Сега сакам да видам како Кил ќе го победи Вардар во Скопје. Влегувам со едно такво расположение, ова е меч во кој може да се случи сè, но да го победиш Вардар во Скопје - сакам да го видам тоа.
Ние сме подготвени без разлика со каква сила ќе дојде Кил тука. Знаеме кој сме ние… Возбудени сме, нетрпеливи е едвај го чекаме дуелот за да покажеме по ова коло кој е кој во Лигата на шампионите“, изјави Дибиров.

Затоа и вака настапувам затоа што сакам да видиме со Кил до каде сме и да ги измериме силите сега во Скопје и ако не се правам фраер за две титули во три години, сега кога играм во Скопје, кога!?
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk