Само едно празно место во тимот на Кил

Вардар и Кил, по втор пат ќе ги одмеруваат силите сезонава во сабота, во Скопје (17:30ч), во натпревар од четвртото коло на Лигата на шампионите. 

Кил ги надмина проблемите со повреди и во Скопје ќе допатува речиси комплетен. Нема да може да смета на Штефан Вајнхолд кој ќе паузира уште еден месец.

На крајот на август во Доха, Кил славеше лесна победа над Вардар и го елиминираша македонскиот тим во полуфиналето на Супер Глоуб. Следниот меч ќе биде можност да видиме дали тоа било реално или Вардар можеби сега ја има вистинската форма. 

Што се однесува до Кил, наспроти раширеното мислење сервирано од разно-разни медиуми, тие играчки се послаби од лани. 
Од екипата заминаа тројца, а дојдоа двајца ракометари. Променија и тренер на на месетото на Афред Гисласон тренер што единаесет години го водеше и ги знаеше како дишат, дојде неискусниот дебитант тренер Филип Јиха. 

Дојдоа чешкиот дефанзивец Павел Хорак и голманот на Магдебург Дарио Квинштет. 

Заминаа Андреас Волф, репрезентативниот голман на Германија. Си отиде и Марко Вујин десниот бек од Србија, а во потрега по минутажа и дефанзивниот пивот Себастијан Фирнхабер си отиде од Кил. 
Со вакви играчки промени, не може да кажеме дека Кил е играчки посилен, иако за волја на вистината игра подобро од лани. 

На што се должи тоа? 
Првенствено на врвната форма во која игра Никола Билик. Домагој Дувњак е конечно здрав и вообичаено на почетокот на сезоната додеку уште има сила игра многу добро. Зарабец веќе се „ушеми“, а во отсуство на Вајнолд, блеска и Рајнкајнд. Лукас Нилсон го менува Билик кога ќе претера или се замори или не му оди, Гисли Кристијансон полека го шече занаетот од врвните мајстори. 
На крилата е истата песна, Магнус Ландин и Руне Дамке, на другата веќе забавениот Екберг и Оле Рамел. 

Играат и 3-2-1 одбрана, играат и 6-0. Ландин ослободен од притисокот што во имаше од Андреас Волф на клупата сега брани одлично, а и Квинштет си го добива својот дел од порцијата и се чини дека сите се среќни. Пикерското дуо Винцек - Пекелер  си врши одлична работа. 

И ова е Кил што годинава ма задача да оезбеди ЛШ во следната сезона, а за тоа му е потребно најмалку второ место. Следната сезона ќе биде клучна, затоа што тогаш во клубот доаѓаат Сандер Сагосен и можеби Блаж Јанц. 


 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk