Сонце ја огреа Висла, конечно, падна Келце

Цели три и пол години Висла Плоцк составуваше без успех екипа што може да се носи со Келце. Три и пол години немаа никаков успех, но вечерва во својата арена конечно се радуваа на победа. 

Висла Плоцк со гол на Нико Миндегиа во последниот напад го совлада Келце со 27-26 и најави поинтересна битка за шампионската титула. 
Карачич со 5 и Душебаев со 4 гола беа најефикасните кај Келце, а Миндегиа со 6 ja водее Висла до победа. 

Поразот од Висла не е добра вест за Вардар, затоа што Келце сега ќе сака да се вади на натпреварите во ЛШ, а наскоро ќе игра и со Вардар. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk