РФМ ги укинува судиските такси за Прва лига

Генералниот секретар на РФМ, Филип Милошевски, ги информираше членовите на УО на РФМ и побара потврда  без присуство, за одлуката Ракометната Федерација на Македонија да ги преземе трошоцте за судии и делегати за натпреварите од Прва лига, се додека овие клубови не ги добијат ветените ваучери од АМС. 

Екипите од Прва лига без изоставени од АМС при доделувањето на ваучерите што предизвика револт и тие не го одиграа во закажаниот термин првото коло. 
По низа состаноци и заеднички напори со РФМ е дојдено до степен, да се чека финалната одлука од Владата и доделување на ваучерите. 

Но, финалниот чекор доцни, а прволигашите се договорија со РФМ на последниот состанок, доколку не добијат ваучер до 6 октомври, трошоците, односно судиските и делегатските такси да ги преземе РФМ до добивањето на ваучерите. Потоа одново се враќа стариот начин на функционирање. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk