Проблем за Работник, се повреди Јотиќ

Битолски Работник има проблем на натпреварот со Мешков Брест што во моментов се игра во Белорусија. По нецели 12 минути игра измена побара нивниот (досега) најдобар играч Ловро Јотиќ. 

Поранешниот играч на Металург, Немања Обрадовиќ прво стартуваше врз него и со лакт го поткачи по рамето, но стартот не изгледаше толку страшен. Сепак, Јотиќ се пожали на болка во рамето, излезе од игра, а потоа по неколку напади кога одново влезе, при првиот посилен контат со десната рака, повторно се пожали на повреда и излезе од игра. 

Се надеваме дека не се работи за нешто сериозно, иако кога се работи за рамо, дури откако ќе има снимка ќе може да се коментира за што станува збор. 

Повредата на Јотиќ не е единствениот проблем, по 18 минути игра, Мешков Брест води со огромни 9 гола разлика (13-4). 

Комплетен извештај, по завршувањето на натпреварот.
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk