Аеродром се засили со десен бек

Екипата на Аеродром, прволигаш од Групата 2, денеска го комплетираше трансферот на десниот бек Марио Лефковски. 
Лефковски беше нивни играч минатата сезона, но реши среќата да ја проба во странство. Настапуваше во екипата Искра од БиХ, во меѓувреме имаше некои комбинации за заминување во Шпанија што не се реализираа, ја заврши сезоната и реши да се врати назад. И тоа во клубот од каде што замина. 

На Аеродром секако му е доредојден леворак бек и во продолжението на сезоната ќе биде посилен посебно за дуелите со повозрасните екипи. 

 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk