Брестовац ја склопи новата кадетска репрезентација

Денеска стартуваше со работа новата кадетска репрезентацијата на Македонија. Ракометари од генерацијата 2002/03 кои по својот прв собир со селекторот одработеа и два тренинга. 

Од списокот со 19 ракометари што беше објавен пред осум дена, недостасуваше единствено Христијан Митревски, кој со Пелистер беше на патувањето во Швајцарија и поради тоа оправдано доцни (Кликни за списокот).

Оваа кадетска репрезентација во четврток заминува во Бугарија каде што ќе одигра три натпревари. Противници на овој Балкански шампионат ќе им бидат врсниците од Романија, Косово и домашната Бугарија. Три тима, различни по квалитет, но сосема добар репер да видиме каде се наоѓаат на скалата во моментов овие момци. 

Пред кадетската репрезентација следното лето во ќе биде големиот предизвик да се пласираат на ЕХФ Еуро. Тие во моментов играат ранг подолу во ЕХФ Шампионат. Тој шампионат следното лето ќе се игра во Скопје. 

Првото место носи ранг погоре за нив, ни и ранг погоре за генерацијата по 2004 година. ЕХФ неодамна усвои и дополнителни квалификации, па така и второто место на ЕХФ Шампионатот ќе води во квалификации за ЕХФ Еуро. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk