Закана за бомба пред ракометен меч

Полицијата во шведскиот град Ховде денеска има полни раце работа. Бара бомба во арената каде што вечерва треба да се одигра ракометниот натпревар меѓу екипите на Ховде и Редбергслид. 

Шведските медиуми објавија дека денеска нешто после пладне во канцеларијата на салата примиле телефонски повик од непознат маж кој им кажал дека во салата има поставено бомба. 

Евакуцаијата почнала истата минута, полицијата ги преземала мерките и трае потрагата по бомбата за која анононимниот јавувач не им дал повеќе детали нити им навестил каде е поставена. 

Епилогот ќе го дознаеме наскоро, се претпоставува дека е лажан повик, но ништо не може да биде оставено на случајот. 
Како и да биде, ова не е добра најава за ЕП 2020 што во еден дел ќе се одржува и во Шведска. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk