Важен играч му откажа на Вујо

Селекторот на Словенија, Веселин Вујовиќ се соочи со првиот (голем) проблем пред настапот на ЕП 2020 во Австрија, Шведска и Норвешка. 

На првата прозивка закажана за неделата на ЕХФ што е закажана од 21-28 октовмри, Вујовиќ доби писмо во кое еден од нивните најдобри играчи, Марко Безјак објави крај на репрезентативната кариера. 

Марко Безјак (33) игра во одлична форма во последниве две сезони  го води германскиот тим  Магдебург кон врвот на табелата. 
Здравствени причини и обврските кон клубот се наведени во писмото како причини поради кои Безјак решил да ја заврши репрезентативната кариера и нема. 

Словенија на ЕП е во групата со Шведска, Швајцарија и Полска, во Гетеборт, а вкрстува со Данска, Унгарија, Исланд и Русија. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk