ПРВА ЛИГА 1: Прилеп се искачи на врвот

РИНИЈА - АСТРАИОН  20-35 (11-16)
Емини 7, Идризи 6 - Ончев 10, Стојанов 7
МАКЕДОНИЈА Ѓ. П. - ПРИЛЕП  25-35 (11-13)
Митревски 8, Вељановски 4 - Пајковски 7, Биковски 7, Тасев 7
ЈУНИОР К. ВОДА - КУМАНОВО  23-20 (11-7)
Башевски 8, Витанов 6 - Миладиновски 7, Стоишиќ 3
АЛУШОВСКИ - ВАРДАР (Н)   26-28
Рачевски 7, Анастасијевиќ 5, Белистојановски 5 - Трајковски 6, Вељанов 5

Викендов се одиграа натпреварите од четврото коло во Првата Лига, група 1. По ова коло Прилеп се искачи на врвот на табелата, Македонија Ѓ. П, запиша пораз, а Астраион од Струмица може да го преземе првото место наскоро, затоа што се единствените без пораз.

Конечниот резултат од 15 гола разлика на дуелот Ринија - Астраино не кажува дека оваа средба во најголемиот дел од првиот дел беше сосема резултатски израмнета. Гостите од Струмица во финишот на првиот дел, од 13-11 дојдоа со 16-11 и потоа во второто полувреме комплетно доминираа и стигнаа до повеќе од убедлива победа. 

Македонија Ѓ. П. негативата од 1-4 со серија од 6-0 ја претвори во водство од три гола разлика, но не го задржа ритамот, туку гостите полека се вратија во игра и до крајот на полувремето имаа водство од два гола разлика. 
Во вториот дел истата дистаца беше во воведните минути, а потоа почна да расте разликата во корист на гостите кои на крајот славеа у со двоцифрена разлика. 

Јуниор Кисела Вода само на старот на дуелот со Куманово беше во мала негатива (1-3), но уште во првиот дел успеа да ја врати контролата и на одмор да замине со убава предност од четири гола. 
Во второто полувреме на моменти имаа и шест гола предност домашните, за финално без опасност по конечниот исход да го доведат натпреварот со победа од три гола. 

Вардар Неготино поведе со 5-2 на стартот на натпреварот со Алушовски и потоа со мали осцилации таа предност ја одржа до крајот на натпреварот. 
Алушовски на во финишот се доближи на минус три-два, но не немаше сили за поголем подвиг. 

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk