КЛ7 покажа сила на дербито со Аеродром

ПРЕСПА - ЈЕХОНА   28-21 (15-10)
Шиклевски 7, Јошевски 5, Даскаловски 5 - Николовски 5, Салиу 4, Тасевски 4
БОРЕЦ - МЛАДОСТ   22-36 (11-19)
Стојанов 10 - Михајловиќ 8, Стоилов 7
КЛ7 - АЕРОДРОМ  34-25 (16-9)
Стојков 11, Симоноски 6 - Митев 12, Омерагиќ 3
ПАРТИЗАН - ТИКВЕШ  22-34 (12-16)
Јанев 5, Лисичков 5 - Лазов 7, Коцев 7, Јанчев 7


Првото дерби во Првата Лига 2 го видовме дури во третото коло во кое се сретнаа КЛ7 и Аеродром. Можеме слободно да кажеме дека ова се двата прволигаши каде што најјасно се гледа страшката определба да се работи исклучиво со млади ракометари. 

Со натпревари понеискусен, но со возраст малку поискусниот КЛ7 полесно од очекуањата стигна до победата на оваа средба. 
Веќе по 30 минути по кои имаа водство од шест гола разлика беше познат победникот, до крајот разликата се искачи не високи девет. За утеха на аеродромци, голгетерскиот дуел на овој меч го доби нивниот Марко Митев со 12 гола, еден повеќе од ривалот Александар Стојков од противничкиот табор. 
Ќе биде интересено и во следното коло, во кое КЛ7 гостува во Богданци, на ново дерби, но со малку поинаков тип на противник. Таму покрај младите, главниот збор го водат тројца ветерани, Стоилов, Роглед и Паунков и се изгледа поинаку кога се тие во игра. 

Споменатиот Младост Богданци немаше поголеми проблеми на гостувањето кај некогашниот шампион Борец. Победа од 14 гола разлика без никаква резултатска неизвесност им донесе нови три бода со кои останаа на врвот. 

Непоразен и со девет бода на салдо е и Тиквеш кој некако изгледа најсигурно во шампионатов. Беа доминантни и во Гевгелија и наскоро ги чекаме на дуел со некоја од непоразените екипи за да можеме да просудиме колку реално се силни. 

Преспа ја запиша својата прва победа. Некогашните шампиони се радуваа на трите бода од Јехона. Немаа големи проблеми, но мораа и да вложат напор за да стигнат до планираните бодови. Следното коло во кое играат со Партизан ќе биде своевидно дерби.


Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk