Пешевски му ги зема бодовите на Томовски

Македонските интернационалци Жарко Пешевски со Штутгарт и Мартин Томовски со Лудвигсхафен, синоќа ги одмеруваа силите во рамките на Бундес лигата. 
Двата тима се од долниот дел на табелата и директниот дуел можеби во еден момент ќе реашава и за најбитното прашање - опстанокот во Лигата. 

Вчера како гостин победи екипата на Штутгарт (27-24), а Жарко Пешевски беше стрелец на три гола од три обиди. Мартин Томовски имаше пет интервенции за времето минато на теренот. 

Во моментов со 3 освоени бода Штутгарт е на 16 место на табелата, пред Лудвигсхафен и Нордхорн кои имаат по два бода. 
Но и екипите што се подобро пласирани, односно до 12 место, не се многу подобри со бодови. На пример, Бергишер на 12 место има само 5 бода. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk