Изостана втора сензација од Работник

Изостана втора сензација на Работник, но беа блиску битолчаните до бод(ови) и во Загреб, на дуелот со ППД Загреб предводен од новиот тренер Веселин Вујовиќ. 

Целата средба беше израмнета, а Алушовиски и Вујовиќ мораа да ги вадат сите џокери од ракавот за да стигнат до бодовите на овој меч. 

Конечниот резултат е 24-23, на полувреме беше нерешено. Водеше во првиот дел Загреб, потоа Работник презема контрола, поведе со три гола разлика и диктираше резултат се до крајот на полувремето, кога Загреб израмни. 

Во вториот дел домашните со серија од 3-0, ја преземаа контролата, но во неколку наврати битолчани имаа реми и напад за водство. 
На крајот Маркотиќ во последниот напад погоди за 24-22 што беше конечен одговор на прашањето за победник, битолчани само стигнаа до својата квота од минимален пораз, четврти сезонава. 

Јотиќ со 5 и Остроушко со 5 гола беа најефикасните од битолскиот состав. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk