Тамше: Или по мое, или не мора да бидам веќе тренер

Словенецот Бранко Тамше по еден месец во новата сезона дсе раздели со Загреб и сега малку по малку собира понуди од други клубови за продолжување на кариерата. Ако воопшто има кариера, затоа што во интервју за словенечкиот Siol.net во пообемно интервју, најави дека авантурата со Загреб би можела да биде и последна. 

„Никогаш не вели никогаш, но да биде совршено искрен, нема да ме видите во блиска иднина на клупата на Загреб“, изјави Словенецот на прашањето дали некогаш би се врати да го води хрватскиот клуб. 
„Таму е интересна ситуација, откако Шупуковиќ е претседател, а тоа се 22 месеца, променети се 5 тренери“...

Загреб е минато (свршено) време за Тамше е секако интересна тренерска фигура, за повеќе клубови. 

„Имам две понуди. Но, мојот следен ангажман ќе биде поинаков. Премногу верував на луѓето, премногу лесно остававме некои работи да се решваат отпосле, само на даден збор. Веќе нема да биде така. Имам мои принципи што веќе нема да ги заобиколувам. Не е битно дали клубот е од ранг на Лига на шампиони или игра само домашно првенство. 
Ако не бида така, не прифаќам. Дури и по цена да не работам никаде и ова со Загреб да биде последната авантура. Јас сум 33 години во ракомет и би сакал да останам, но не е само ракомет во животот, би можел да работам и што било друго“, изјави Тамше. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk