Шундовски се раздели со Констанца

Македонскиот тренер Звонко Шундовски го раскина договорот со романската екипа Констанца, ексклузивно дознава g-sport.mk.
Романската лига стана прилично хаотична по воведувањето на квотите за странците, а таму и така клубовите финансисирани од општините се подложни на многу влијанија и промени...

„Точно е, разговаравме и го раскинавме договорот. Пријателски во секој случај беше целата работа“, потврди Шундовски. 
„Уште од почетокот на сезоната не беа работите како што треба. Клубот состави екипа што не беше по мој вкус и мои инструкции, потоа се надоврзуваа една работа на друга. Јас уште во прв момент не бев задоволен, но не можев во тој момент да го раскинам договорот. Потоа повторно, се надоврзуваа една работа на друга, за конечно денеска да седнеме и да разговараме за прекинување на соработката“, вели Шундовски. 

„Се враќам назад во Македонија. Засега немам никакви планови, искрено и малку одмор добро ќе ми дојде“, изјави Шундовски. 


Шундовски беше последниот Македонец кој остана во некогашната колонија во која играа многу македонски ракометари, а и доскоро директор беше Бранко Ангеловски. 

 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk