Томовски е во 1/4 финале на Куп

Мартин Томовски му се приклучи на Жарко Пешевски во 1/4 финалето на Купот на Германија. Вечерва, екипата на Лудвигсхафен во драматичен натпревар успеа да го совлада Хам со 25-24 и да обезбеди пласман меѓу осумте најдобри во Германија. 

Мартин Томовски бранеше 60 минути и имаше 13 интервенции,  три одбрани повеќе од противничките голмани. 

Жарко Пешевски уште минатата недела со Штутгарт обезбеди 1/4 финале.

Уште еден македонски интернационалец, Филип Миркуловски се бореше за пласман во 1/4 финалето. За противник го имаа Кил, водеа цел натпревар, но Кил успеа да направи пресврт на помалку од 30 секунди до крајот. Со гол на Пекелер, победија 26-25 и го елиминираа Вецлар. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk