Битола на нозе, падна Веспрем

Е. РАБОТНИК - ВЕСПРЕМ 26-24 (14-8)
Митревски (12 одб), Трајковски (1 одб), Ојлески 1, Маџовски 1, Радовиќ 1, Чурлевски, Стјепановиќ 5, Шевелев, Јотиќ 8, Вегар 2, Кукоски, Велкоски, Остроушко 4, Граџан 4, Ѓукиќ, Кузманоски,


Ракометот на голема врата се враќа во Битола. Денеска чувството да се игра во битолската твдрина ја почувствува моќниот Веспрем и го запиша третиот пораз во низа. По двата во ЛШ, сега се поразени и во СЕХА и тоа од дебитантот Работник.

Почнаа одлично битолчани, предводени од извонредниот Никола Митревски кој запиша четири одбрани во првите три минути и тоа му даде насока на натпреварот.
Осоколени од поддршката од голманот, напаѓачите играа без грешка во нападот и набргу Работник поведе со 8-4, малку подоцна и со 10-5.

Бездушни, би рекле со нијанса на арорганција, убедени во својата супериорност го играа првиот дел гостите. Но, Митревски продолжуваше да ги лови нивните шутеви, во еден момент имаше и 75% одбранети удари кон својот гол, а во нападот Јотиќ, Граџан Стјепановиќ си ја полнеа мрежата на гостите и на полвреме се замина со резултат 14-8 за Работник.

Работник и на претходните две средби водеше со 5 гола разлика на полувреме, па сепак ги губеше. Сега беше блиску до истото сценариот.
Веспрем беше многу поангажиран во вториот дел, но Работник со помош на публиката која ги држеше мотивирани и будни, овој пат не се даде.

Веспрем успеа да израмни на двапати, но и кај нив не функционираше се безгрешно, па направија и неколку грешки што овој пат беа казнети.
Наоѓаше начин дали преку Остроушко, Граџан, на крајот и преку Стјепановиќ домашниот тим и финално ја запечати нивната судбина на пола минута до крајот.

Конечни 26-24 за Работник и веројатно нивна најголема победа откако постојат како клуб.
 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk