Данците (си) сменија ИХФ правило

Откако го отфрлија Видео Челинџ по нецел месец користење во првенството, со што го посрамотија ИХФ и си признаа јавен пораз на политиката на нивната федерација, Данците сега се намерачија и на електронскиот тајм аут.

За случајот во кој еден дански тренер во финишот на натпреварот побара намерно тајм аут, веќе пишувавме. Тренерот Могесен не гледаше друг начин како да им ја земе топката на противниците, па побара тајм аут со што тие добија седмерец. Ризик што нему не му се исплатеше затоа што седмерецот го реализираа, но можеше да биде и поинаков епилогот, ако промашеа.

Исплашени тоа да не стане практика, Данците решаваа меѓу две опции. Да го отфрлат електронскиот тајм аут и да ги вратат картончињата или да го променат на своја рака правилото на ИХФ.

И го променија правилото.

Сега во Данска, ако тренер побара тајм аут додека противничкиот тим е во напад, оштетената екипа ќе треба да одбере дали да шутира седмерец или да продолжи со нападот.


Не би рекле дека е ова најдоброто решение, затоа што во зависност од ситуацијата, тренерот може да удри по тајм аут копчето и кога неговиот гол е празен, па седмерец или нов напад за противникот е помалото зло.

Ако ние се прашаме, најдоброто решение за вакви ситуации е седмерец за оштетената екипи и повторно да остане во посед на топка. Така ниту еден од редот „најпаметни од сите“ тренери нема да си дозволи луксуз намерно да бара тајм аут.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk