Драган Начевски оди во пензија!

Едно од најголемите ракометни имиња во Македонија, воопшто, го одработува својот последен месец со редовни работни обврски во Ракометната федерација на Македонија.

Драган Начевски, поранешен меѓундароден судија, актуелен делегат и претсетедател на судиската комисија на ЕХФ реши да ја искористи возрасната граница и да ја пополни апликацијата за пензија.

Драган Начевски останува да си ги извршува обврските што ги има кон ЕХФ во Виена, пензијата се однесува за работните обврски во Македонија.

Октомври е последниот месец, доколку не се предомисли за што секако има време.



 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk